Завршна работилница на Коалицијата за медиумска писменост
Медиумски писмениот граѓанин умее да ги користи традиционалните и новите медиуми за преку кои ќе ги промовира своите барања и интереси во јавноста. Но како сето ова добро да се испланира и реализира? Одговорите на овие прашања ги бараа претставниците на осумте граѓански организации и новинарите од нивните медиуми-партнери кои се членови на „Коалицијата за медиумска писменост“ што ја основаше Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со дневниот весник „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите од Лондон.
Околу 40-тина учесници заедно со своите ментори од Високата школа ги развиваа комукациските планови и стратегии за дигитални комуникации за сите осум иницијативи на граѓанскиот сектор преку кои ќе се унапредува медиумската писменост. Обуката се одржа во Битола од 19-21 мај и е последна од вкупно петте обуки на кои учествуваа претставниците на граѓанските организации и на медиумите. Од јуни до јануари 2018-та, членовите на Коалицијата ќе почнат со реализација на нивните иницијативи.
Овие активности се во рамки на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска и информациска писменост“, што го финансира Европската Унија.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.