Политичката порака и видот на медиумот
Тертата работилница МИЕС ја посвети на политичкото комуницирање. Оваа работилница се одржа на 13.12.2017 и студентите беа запознени со традиционални медиуми vs новите медиуми (new media) и тоа: дигитализација, интерактивност, мрежа, медиумска култура vs политичка култура во Република Македонија: тв, радио, печатени медиуми, национални и локални телевизии.
Стекнаа знаења за пропагандата наспроти кампањата/изборна кампања, маркетинг/политички маркетинг; рекламирањето и огласувањето и Односите со јавност;
Тие се сензитивизираа да ја препознаат пропагандата во жанр. Се запознаа со поимите: „медиумска примена на информацијата“ , „информативна густина“, „прекројува или премолчува“; визуелни вести, филмувани вести/фото репортажи.
Се стекнаа со вештини за правила во подготовката на информација – вест и интервју во повеќе видови медиуми. Предавачи беа проф. д-р Јасна Бачовска Недиќ и доц. д-р Христина Рунчева Тасев.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.