Вести |

Како да препознаете deep fake, лажни фотографии и дезинформации

feat-img

Откривање deep fake видеа и лажни фотографии и препознавање дезинформации за масовна посетеност на настани. Ова се содржините на трите видеа кои Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги изработи за да служат како онлајн ресурси за медиумска писменост.

Секоја информација ѝ значи на публиката бидејќи најчесто според неа го градат сопствениот став и ги преземаат следните чекори. Но, живееме во ера кога вештачката интелигенција се употребува за создавање убедливи фотографии, аудио и видеоизмами, а медиумите често се и алатка за манипулација на публиката. Лажните информации, фотографии и видеа имаат за цел да продадат, убедат, збунат, но пред сѐ да излажат. Се користат за наметнување мислење кај јавноста, заземање страна или предизвикување страв и паника.

Оттука, видео ресурсите за медиумска писменост на ИКС објаснуваат како критички да размислувате и ви нудат совети и алатки за најлесно да ги проверите информациите, фотографиите и видеата пред да ги објавите или споделите со другите.

Видеата се наменети и можат слободно да се користат и емитуваат за различни едукативни цели. Погледнете ги и секогаш како кога ќе забележите нешто сомнително, подзастанете и анализирајте, за да дознаете кој и зошто манипулира.

Онлајн ресурсите за медиумска писменост се изработени од ИКС и ИРЕКС во рамки на УСАИД проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“.