Онлајн дебата: Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн настава
Институтот за комуникациски студии и Делегацијата на Европската Унија на 24 април 2020 г. (петок), 11.30-13 ч. организираат онлајн дебата „Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн настава“. Ова е завршен настан oд средношколскиот конкурс „Биди медиумски активен/на“ со кој се одбележува Европската недела на медиумска писменост 2020.
Тема: Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн образование
- Воведно излагање – д-р Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии
- Дигиталните вештини – приоритет во визијата за дигитализирана Европа – Н.Е. Семуел Жбогар, амбасадор на Делегацијата на Европската Унија во Р. Северна Македонија
- Што научив од „Биди медиумски активен/на“? – Димитар Решков, ученик од гимназијата „Богданци“ Богданци
- Што научија наставниците од „Биди медиумски активен“? – Мевлуде Керими, професорка во гимназијата „Исмет Јашари“ – Липково
- Што научија новинарите од “Биди медиумски активен/на“? – Пелагија Младеновска, новинарка во Радио Слободна Европа и менторка на тимот од гимназијата „САБА“ Скопје
- Дигиталните вештини, неизоставен дел од медиумската писменост – Арбер Адеми, министер за образование и наука на Р. Северна Македонија
- Адаптација на наставата во вонредни услови: искуства на наставниците и учениците – Ана Марија Наумовска, ученичка во гимназијата „Ј. Б. Тито“ Битола
Модератор: Ана Зафирова
ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА УЧЕСТВО НА ФОРМАТА ПОДОЛУ ИЛИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК НАЈДОЦНА ДО 23 АПРИЛ 2020 Г.
Дебатата ќе биде онлајн, на платформата Adobe Connect, а упатство за поврзување на настанот можете да најдете овде.
Дискусијата ќе биде на македонски и на англиски јазик.
Повеќе информации за средношколскиот конкурс Биди медиумски активен/на, прочитај тука.
За Европската недела на медиумска писменост 2020, прочитај тука.
За Европската недела на медиумска писменост 2019, прочитај тука.
Дебатата ја организираат Институтот за комуникациски студии и Делегацијата на Европската Унија во Р. Северна Македонија, во рамките на Европската недела за писменост 2020.