d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Приказни за луѓе и анализи за настани од нашата средина после мастер часовите за медиуми и новинарство

Приказни за луѓе кои охрабруваат и инспирираат, за културата на живеење и за заборавени места, како и анализи за важни општествени теми. Ова се некои од завршните медиумски продукти кои ги изработија 60 учесници на првата генерација на мастер часовите за медиуми и новинарство „Подготви се за дигиталната ера“.

Поделени во четири групи, во текот на мај и јуни, учесниците следеа четири модули – за предизвиците во дигиталната ера, креирање содржина за веб, собирање, верификација и визуелизација на податоци на веб и за изработка на новинарски содржини со мобилен телефон. Мастер часовите претставуваа комбинација од интензивни сесии, вежби и дискусии со 12 обучувачи-етаблирани новинари и практична работа за изработка на медиумски производи поединечно или во тимови.

Учесниците дискутираа за предностите и недостатоците на онлајн медиумите и учеа како да го привлечат и задржат вниманието на публиката, како да пишуваат за веб и како да креираат блогови. Добиваа совети за користење на податоците од слободни бази и користеа алатки за нивно визуелизирање на лесно разбирлив начин за гледачите и читателите. Но, се запознаа и со апликации за откривање манипулации во визуелните содржини.

А бидејќи дигиталната ера носи брз проток на информации, учесниците развиваа  вештини како со мобилен телефон за кратко време да направат новинарски содржини. Ги совладаа основните техники и апликации за видео снимање и монтирање, подготвуваа сценарија за снимање, снимаа на терен и монтираа со мобилен телефон. Раскажуваа преку видео и луѓе и преку новите формати на влогови и поткасти.

По завршувањето на мастер часовите, учесниците се стекнаа со сертификати и 3 ЕКТС кредити.

Мастер часовите за медиуми и новинарство ги организираа Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС, во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД, „Младите размислуваат“.

Завршните медиумски производи се објавени на следниов ЛИНК.

 

Фотогалерии:
Прва група – Ден 1, Ден 2, Ден 3
Втора група – Ден 1, Ден 2, Ден 3
Трета група – Ден 1, Ден 2, Ден 3
Четврта група – Ден 1, Ден 2, Ден 3