Легендарниот DJ Goce – САФ го шири„винилот“ меѓу помладите
Диџеј Гоце ги учеше помладите како да користат винилни плочи и како се скречува на грамофоните.
На работилницата учесниците добија прилика да користат винилни плочи со кои можеа и да ги тестираат прстите и ритамот со скречување. Слушаа и за историјата на скречот и неговото значење. Со помош на диџеј Гоце ги научија основите на скречот и на технологијата на плочите. Преку специфичниот начин на користење и уникатно искуство учесниците научија за како се изведува скреч со основен ритам. Диџеј Гоце остави голем впечаток кај учесниците, а на некои дури им насочи дека имаат прилика за други скреч работилници и со други диџеи.
Иако денешните генерации не се толку запознаени со винилот, сепак постојат љубители и на таа култура. А работилниците како таа на диџеј Гоце од македонската култна рап група САФ која се одржа во просторот „Нетавил“ се одличен начин како таа култура да се одржи и пренесе на помладите меѓу кои имаше и деца на возраст од 10 до 16 години.
Самата работилница почна со информации за почетоците на хип-хопот односно со пионерството на DJ Grandmaster Flash, DJ Afrika Bambaata и Grandmaster Wizzard Theodore и за ширењето на правецот низ маалата во Њу Јорк. Нема точна информација кој е иницијатор на овој правец, но се претпоставува дека сѐ е тргнато случајно од специфичниот звук на „шкрипење“на плочата на грамофонот кој се создава кога ќе ја ставите раката на неа.
Гоце зборуваше и за рапот во Македонија дека всушност САФ се првата рап група која има творено во почетоците на самостојна Македонија.
Иако винилот не е толку популарен медиум важно е да се оддржува како урбана култура, и се разбира да има некој тоа да го пренесе со задоволство.
Автор: Горјан Азманов, СУГС „Орце Николов“ – Скопје