Активирај се | Создадено од вас |

Фолклорот е чувар на идентитетот на еден народ

feat-img

Македонскиот фолклор обединува богатство на песни, танци, носии, инструменти и обичаи кои го одразуваат животот и духот на луѓето во различните региони на земјата. Тој е израз на радост, тага, љубов и животна енергија што се пренесува од поколение на поколение.

Секој народ го има своето културно богатство и традиција, кои се уникатен печат на земјата. Од древноста до денес, Македонија го носи впечатливото богатство на своите обичаи, уметност, јазик и вредности кои ги пренесува од поколение на поколение.

Срцето на ова културно богатство е во различните аспекти на животот на луѓето, почнувајќи од традиционалните носии кои го одразуваат богатството на регионалните разлики, па сè до музиката, танцот, и фолклорот кои ја отсликуваат душата на нашата земја.

За Македонија е тешко да се издвои што од сето ова е нејзино најзначано и најуникатно културно и традиционално обележје. Преку уметноста – сликарството, литературата, театарот и филмот се претставени животните искуства и соништата на нејзините народи, кои создаваат богатство на изразност и креативност.

Извор: www.bojmija.com.mk

Тука е и извонредно археолошко наследство. Од древните цивилизации како што е македонската, па сè до римските и византиските периоди, нашата земја чува многу древни артефакти, ископини кои сведочат за богатата историја.

Танцот како одраз на радоста и тагата

Фолклорот на Македонија е богат и разновиден, со длабоки корени во историјата, традицијата и обичаите на сите народи кои живеат тука. Откако Македонија ја стекна својата независностност во 1991 година, фолклорот е значаен дел од националниот идентитет и култура.

Македонскиот фолклор обединува богатство на песни, танци, носии, инструменти и обичаи кои го одразуваат животот и духот на луѓето во различните региони на земјата. Тој е израз на радост, тага, љубов и животна енергија што се пренесува од поколение на поколение.

Елементи на фолклорот

Елементите на фолклорот вклучуваат широк спектар на аспекти на културата кои се пренесуваат од поколение на поколение преку усни приказни, обичаи, музика, танци, облека, украси, и други изрази на народната креативност. Некои од најосновните елементи на фолклорот вклучуваат:

    • Приказни и легенди: Усни приказни, митови, легенди и приказни од народната традиција што пренесуваат мудрост, верувања и научни истории.
    • Музика и песни: Традиционалната народна музика, вклучувајќи ја народната песна, инструменталната музика и ритамот, кои го одразуваат културниот идентитет на народот.
    • Танци и игри: Традиционалните народни танци и игри кои се изведуваат на народните празници, обреди, свадби и други обичаи, претставуваат важен дел од фолклорот.
    • Обичаи и обреди: Разновидните обичаи и обреди поврзани со животните циклуси, празниците, свадбите, роденијата и смртта, што ги одразуваат културните верувања и традиции.
    • Облека и украси: Традиционалната облека и украсите кои ги носат луѓето, вклучувајќи го стилот на облекување, ткаенините, украсите, обувките и сл.
    • Храна и пијалоци: Традиционалната кујна и рецепти, како и поврзаните со нив традиционални обичаи за јадење.
    • Инструменти и занаети: Традиционалните музички инструменти, занаетите и уметничките дела што ги создаваат луѓето како дел од нивното културно наследство.

Секој танц и кореографија има своја уникатна приказна и специфична носија. Богатството изразено преку разновидноста на облеката и начинот на украсување ги прави носиите дел од материјалната култура на македонскиот народ со вековна традиција. Од простите украсувања со растенија од околината, до украсите со стари метални пари, носиите претставуваат важен дел од македонската народна уметност.

Извор: www.bojmija.com.mk

Фолклорните друштва во Македонија се чувари на ова наше наследство. Првиот професионален фолклорен ансамбл формиран во Македонија е ансамблот „Танец”, основан во мај 1949 година. Целта на „Танец” е да ги претставува највредните форми од македонската народна уметност преку сценски израз. „Танец“, како амбасадор на македонската народна уметност и култура, настапува во целиот свет, ширејќи го ова наше богатство.

Вакви ансамбли има многу и во различни делови од Македонија. Еден од нив е Ансамблот „Бојмија” од Гевгелија, чии членови го чуваат и негуваат нашето фолклорно наследство, промовирајќи го  преку турнеи и настапи надвор од земјата. Неговиот уметнички раководител Димитар Делев, е еден од истакнатите познавачи на македонскиот фолклор. Неговата љубов кон фолклорот стана и негов професионален избор, со што го негува и пренесува наследството на младите поколенија.

Значењето на културното наследство и традиција не е само како врска со нашето минато, туку е чувар на идентитетот на еден народ. Во светлината на современите предизвици и промени, ова културно наследство, конкретно македонскиот фолклор е нешто што го одбележува и го дефинира народот и културата на Македонија, чувајќи ги живи и витални низ времето.

Автор: Илија Роглев, ученик во СОУ “Богданци”