Активирај се | Создадено од вас |

Женскиот тим на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија освои прво место на регионалниот натпревар во Велес

feat-img

Со првото место на регионален натпревар женскиот тим на гевгелиското средно училиште се пласира на Државниот натпревар меѓу средните училишта во Македонија.

Женскиот тим во ракомет на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија на регионалниот турнир во ракомет за средни училишта (женски) што се одржа на 11 април во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија со две победи убедливо го освои заслуженото прво место.

Со првото место на регионален натпревар женскиот тим на гевгелиското средно училиште се пласира за учество да настапи на државниот натпревар меѓу средните училишта во Македонија.

На патот до првото место ученичките од „Јосиф Јосифовски“ најпрво го победија тимот на СОУ,,Богданци“ од Богданци, на зонски натпревар што се одржа есента, во првото полугодие од учебната 2023/24, а вчера во Велес остварија победи над женскиот тим на СОУ „Јане Сандански“ од Штип (резултат 15:14) и победа над СОУ „Методи Митевски- Брицо“ од Делчево (резултат 16:10).

 „Следно играме на 10-ти Мај во Струга, на Државен натпревар на училишни спортови во ракомет“, гордо нѝ изјави капитенот на женската средношколска екипа од Гевгелија, Благица Ступар.

Заслужни за ова спортско остварување се ученичките: Ступар Благица (капитен на тимот, инаку ученичка од Втора година), потоа Динева Симона, Басова Бојана, Кадиева Билјана, Панова Цветанка, Тасевска Елена, Кирова Ружица, Кирова Снежана, Ангелова Елена, Капсарова Нена, Капсарова Никол, Стефанова Теа и Тимчева Даниела, сите ученички на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија.

Автор: Марија Упчева, ученичка во СОУ„Јосиф Јосифовски“- Гевгелија