Активирај се | Создадено од вас |

 Балканот вози во турбо ритам

feat-img

Уметноста претставува вечен одраз на нашата човечка состојба. Таа е исто така одраз и на нашата колективна душа. Најдобар пример за ова е впечатливиот свет на музиката, во кој жанровите што се појавуваат го отсликуваат животниот стил на една генерација и на едно време. Турбофолкот e исто така  пример за тоа.

Апсолутно без разлика која песна се свири, кога првите звуци на турбо-фолк песната ќе почнат да ечат во просторијата,  присутните како да запаѓаат  во состојба на екстаза (да, ова  е така дури и кај оние кои делуваат премногу елитно за да слушаат турбофолк) и сите одеднаш стануваат и танцуваат. Тоа е моментот кога  турбофолк престанува да биде само обичен жанр во музиката туку отсликува и многу повеќе.

Професор по тромбон
Етрит Адами, професор по тромбон

„Турбофолкот“ е музички жанр кој потекнува од Балканот и е познат по својата контроверзна содржина во однос на разни политички и општествени прашања“, вели Етрит Адами, професор по тромбон од Тирана.

Иако текстовите на турбофолк песните главно се однесуваат на љубовта, носталгијата и славењето, тие исто така содржат и бескрајни изрази на национализам, популистички мислења за општествени прашања, навредлива и сексистичка содржина.

„Турбофолк песните се познати по тоа што прикажуваат сензуални и атрактивни женски фигури. Тоа влијае на перцепцијата на младите во однос на женската фигура, за кои прикажувањето на жената во музичките видеоспотови е модел за убавина и привлечност на жената“, вели г. Адами.

Пример за ова е турбофолк песна во албанската и во македонската култура каде што жените се прикажани исклучиво како објекти, и тоа од аспект на машкото гледање на работите. Истата мелодија се користи и во двете култури, само со различни сексистички текстови. Исто така, важно е да се спомене дека во албанскиот видеоспот на песната има група млади жени облечени во бикини.

Албанската песна се вика „Твој фустан, о кукло“ (Синан Хоџа и Селди Калиу „Кукула” ) а македонската „Ќе ти купам бунда“ (Саит и идоли банд „Ќе ти купим бунда”). Во албанската песна се споменува дека таа, како кукла, толку добро го движи  фустанот, што тој излудува, а во македонската песна слушаме „Дај ми, ќе ти купам бунда“.

Со други зборови,  во двете верзии има изразени  родови стереотипи, а жената под превезот на наводно романтизирање се прикажува само како објект на посакување.

За да дознаеме зошто турбо фолкот е толку популарен разговаравме со членовите на турбофолк бендот „Далги“. Пијанистот Дончо Бујаровски ни откри дека тајната е во ритамот .„Поради ритамот. Ритамот е во вените. За Албанија, Македонија, Грција итн”, вели тој.

Група „Далги“, Охрид

На прашањето „Дали би се согласиле со тоа дека некои текстови содржат сексистичка терминологија?“ Илчо Констадиновски, кларинетистот на бендот рече „Да. Тоа се комерцијални работи. Тие главно привлекуваат помлада публика“.

Се чини дека токму ова е вистина затоа што турбофолкот не само што го слушаат младите туку исто така и го создаваат. Случајно ги сретнавме тиктокерите Јован Стоевски и Милица Грубер (Груберка) во центарот на Охрид, кои ни изјавија дека  стануваат сè попознати поради  снимањето на  ваква музика.

Тиктокери Јован Стоевски и Милица Грубер

„Подобар е турбо фолкот. Подобро ме вози, многу подобро од балади, од  Жељко Самарџиќ“ рече Стоевски кој со последната негова песна се искачува на врвот на листата на најслушани хитови. Тој смета дека треба многу повеќе да се слуша фолк музиката во Охрид.

Како што споменаа од бендот, главната причина зошто турбофолкот е толку популарен е атрактивниот ритам. Проф. Адами нагласи дека повторувањето на ритамот има хипнотичко влијание врз слушателите, па текстот влијае на нив на несвесен начин.

„Главно е ист ритам“, велат Елена Ставревска и Наталија Ристевска, две млади девојки со кои разговаравме и ги прашавме за турбофолкот. Според нив, турбофолкот има среќен вајб и трае постојано, и затоа го сакаат и го слушаат, па дури и го играат на родендени,слави,  во автомобил, секаде и секогаш во текот на денот.

Елена Ставревска и Наталија Ристевска

Сепак, музичарите се на став дека за одредени текстови со проблематична, дискутабилна и навредлива содржина треба да има одредени ограничувања. На прашањето дали треба да се дозволи емитување на песните со сексистички и проблематичен текст, музичарите велат не.

„Не, во Македонија треба да има закон, да не се дозволи да се емитуваат, вели Илчо Констадиновски, кларинетистот на „Далги“

Но, како можеме да ги заштитиме младите од ова негативно влијание? Професорот Адами истакнува дека „медиумската писменост е најмоќната алатка која ќе им помогне на луѓето да разберат на што се изложени и како да ги толкуваат пораките кои се пренесуваат преку музиката или видео спотовите“.

Музиката и видео спотовите се важен дел од медиумите бидејќи живееме во време на виртуелен свет. Музиката е присутна секаде во секојдневниот живот и на нас влијае, главно, несвесно. Сепак, како и сите други видови медиуми, ние мора да научиме како да ја читаме и да ги развиваме нашите способности за критичко размислување.

Автори:

Дурата Алиај

Бесалба Копани

Енеда Лунгу

Саранда Мехмеди