Бриони- огледало на нашата негрижа
Автори на фото сторијата: Изабела Јованова и Александра Брашнарова, СОУ „Славчо Стојменски“, Штип
Ресторанот Бриони, сместен во паркот Суитлак, буди пријатни спомени кај штипјани. Но, денес, местото за одмор, забава и уживање во штипските специјалитети нуди само една непријатна глетка. Долгогоднишната традиција на овој објект годинава замре и тој повеќе не е во функција. Жална е сликата што ќе ја видите ако сакате да го посетите Бриони.
Додека градот се урбанизира со нови градби, ова атрактивно место ја губи својата физиономија.
Штипјани се уште го паметат квалитетот на забавата која ја нудеше Бриони, но сега се останати само трагови од тоа.
Детскиот џагор во летната градина на ресторанот беше секојдневна слика. Големата фонтана, околу која секој уживал во својот оброк, денес повеќе наликува на бара.
Некогашната летна бавча повеќе не е омилено место за семеен ручек и детски игри.
Бриони беше добар домаќин и во зимската сезона со празнична еуфорија и топлина.
Полуразурнатиот објект денес претставува закана за посетителите и дава лоша слика за градот Штип.