Активирај се | Создадено од вас |

Графити – вандализам или уметност?

feat-img

Според уметниците, тоа е начин на комуникација, израз на личен идентитет и коментар на различни теми. Но, сепак, не секој ги сакаат графитите. Некои од нив се сметаат за вандализам, незаконска уметност која го намалува визуелниот аспект на градот.

Графитите се повеќе од само боја на ѕид. Тие се жива дискусија, критика и уметност во движење. Секој ѕид станува приказна, и секоја боја се претвора во збор кој го говори духот на улицата и нашето друштво.

Низ улиците на нашата држава но и пошироко, секој ѕид станува платно, а боите стануваат глас на уметниците кои ја изразуваат својата креативност и мислење. Во денешно време графитите стануваат неодолив израз на друштвената динамика.

Ваквата форма на уметност не познава граници. Се наоѓа и на ѕидовите, и на подот, дури и се сретнува на неочекувани места. Секој графит сам по себе има своја приказна. Според уметниците, тоа е начин на комуникација, израз на личен идентитет и коментар на различни теми. Некои се пресудни, некои смешни, додека некои видови на ваква уметност предизвикуваат размислување.

Артистотот Марјан Димиќ – Мачка вели дека графитите уште од нивното постоење, претставуваат еден вид медиум прекој кој луѓето на некаков креативен начин искажуваат некаков став, преку испишување на некаков текст или исцртување на некаква слика.

Во денешно време сме сведоци на нивното секојдневно и се почесто присуство, тие се дел од гратската култура и дел од градксата урбана слика. Освен тоа што графитите се дел од уличната уметност, нивниот “еволутивен развој” доведе до тоа да можеме да ги погледнеме и во светските галерии. Според мене, секако дека треба да ги има, тие се дел од нашата култура, дел од нашата визуелна слика за Градот. Како артист секако дека би апелирал да не се црта секаде, на било кое место, треба да сносиме со себе општествена одговорност, да имаме почит према објектите од културно наследство, пред се почит према градот, вели Димиќ.

Но, сепак, не секој ги сакаат графитите. Некои од нив се сметаат за вандализам, незаконска уметност која го намалува визуелниот аспект на градот.

Тамара Трајковска, ученичка во средно училиште, не е љубител на ваквата уметност, и графитите ги смета како обична шкртаница.

Според мене графитите се вандализам и претставуваат штета на јавните простори, ги има насекаде, на јавни ѕидови и други објекти. И така имаме впечаток дека градскиот простор е напуштен и неодржуван. Опшеството често се соочува со дополнителни трошоци за поправка и одржување на јавни места означени со графити. – ни објаснува Тамара.

Графитите можат да се форма на вандализам, нивната уметничка вредност и социјалната критика што ја носат, не треба да се занемаруваат. Откривањето на баланс помеѓу заштита на јавните простори и потсетувањето на значењето на уметноста може да доведе до разговори и решенија. Графитите се повеќе и повеќе стануваат огледало на времето во кое живееме, а во истовреме и исказ на уметничката револуција што тече низ улиците.

Автори:

Луна Димковска, ученичка во СОУ „Перо Наков”, Куманово

Стефанија Мартиновска, ученичка во СОУ „Перо Наков”, Куманово