Активирај се | Создадено од вас |

Како технолошкиот развој влијае врз нас?

feat-img

Технологијата има големо влијание врз човечката комуникација, која се променила од многу гледишта. Од појавата на мобилните телефони, до социјалните мрежи, начинот на комуникација на луѓето се има сменето значително. Но, како навистина технологијата ја интензивира човечката комуникација и како влијае врз нашето општество?

Прв и најочигледен начин на кој технологијата ја интензивира комуникацијата е интернетот и мобилните телефони. Денес луѓето можат да комуницираат и да споделуваат информации со луѓе од било кој дел на светот. Со ова се создаваат постојани врски и можности за комуникација 24/7, што во изминатите децении било невозможно. Луѓето може да следат настани од било каде во светот во реално време, како и да учествуваат во дискусии на глобално ниво.

Социјалните мрежи се уште еден фактор кој придонесува за развивање на човечката комуникација. Преку платформите Фејсбук, Инстаграм и Твитер, луѓето не само што може да разменуваат мислења и да учествуваат во дискусии, тие стекнуваат и нови пријателства. Преку технологијата, денес луѓето се поврзуваат со заедницата.

Технологијата има големо влијание врз тоа како луѓето комуницираат на своите работи места. Со појавувањето на е-поштата, видео конференциите и виртуелната реалност, се олеснува комуникацијата меѓу колегите ширум светот. Ова влијае врз брзината на исполнување на работните обврски, како и учеството во интернационални проекти, кое ги подобрува способностите за тимска работа во компаниите. Сепак, важно е да ги согледаме и негативните страни на влијанието на технологијата врз општеството. Прекумерната употреба на социјалните медиуми може да допринесе до изолирање на личноста, завист, проблеми со приватноста како и проблеми со менталното здравје. На професионален план, виртуелната комуникација може да доведе до недоразбирања, кои влијаат врз тимската динамика и ефикасност.

Технологијата има големо влијание врз нашата секојдневна комуникација, како во домовите, така и на работните места. Таа ни овозможува подобра поврзаност со други луѓе, како и со светот околу нас. Сепак, потребно е да бидеме свесни за предизвиците и потенцијалните негативни последици на ваквиот начин на комуникација, како и да развиваме бенефитни начини на користење на технологијата.

Автор: Тереза Кимова, СГГУГС “Здравко Цветковски” – Скопје