Македонија меѓу државите со највисока младинска невработеност
Младите се иселуваат поради поволните услови и можности за работа и образование во странство. Од Министерството за труд и социјална политика велат дека лани вклучиле 23 илјади невработени млади во програмата Гаранција за млади. Ги прашавме студентите дали би се иселиле и што мислат за младинскиот стандард.
Видеото претставува финална задача изработена на Мастер часовите за медиуми и новинарство на Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС во рамките на УСАИД проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“.