Активирај се | Создадено од вас |

Македонскиот рубин го испреплетува класичното и современото

feat-img

Филигранскиот дуќан на Деребан во Охрид ги испреплетува класичното и современото. Вечниот филигран со новиот елемент македонски рубин повторно стана актуелен кај купувачите. Македонскиот рубин или каменот со розова боја е многу скапоцен. Го има само во Македонија, а негови примероци  се чуваат во Лондон, Париз и Њујорк. Објектот на Деребан е составен од продавница, работилница и музеј. Четворицата мајстори Маријана Пипилева, Ристе Стојковски, Елена Укоевска и Митко Колевски работат главно со сребро, иако користат и злато и бакар. Пипилева вели дека нивниот накит е уникатен и го бараат и  домашните и странските туристи, но повеќе интерес има кај гостите однадвор. Иднината на овој занает е во сигурни раце. Деребан ќе отвори и работилница каде што младите ќе се обучуваат за тајните на филигранството.

Вечниот филигран со новиот елемент македонски рубин повторно актуелен

 

Дуќанот на Деребан, сместен во срцето на охридската чаршија постои 80 години

 

Маријана Пипилева го работи филигранството седум години

 

Филигран се изработува со жица тенка како влакно од косата

 

Дуќанот е продавница, работилница и музеј

 

Продолжува традиционалниот начин на изработка

 

Секое парче накит е изработено во еден примерок

 

Фамилијата Деребан се занимава со филигранство од 1819 година

 

Во музејот се гледаат алатите што се користеле во минатото

 

Рубинот и филигранот стануваат современа привлечна комбинација

 

Покрај рубин се употребуваат и други скапоцени камења

 

Најпредизвикувачката работа е ѓерданот работен десет дена

 

Младите занаетчии можат да поминат обука во работилницата Деребан

 

Странците се највеќе заинтересирани

 

Младите сакаат филигран

 

Данската кралица Маргарета II има парче накит од колекцијата на Деребан

 

Автори: Лира Буњаку и Алја Мемеди, средношколки во СУГС „Зеф Љуш Марку“ – Скопје