Активирај се | Создадено од вас |

Низ призмата на правата на децата одбележан Светскиот ден на децата

feat-img

Медиумите постојано шират информации од кои дел се неточни со цел да искажат мислења со кои можат да се потиснат човековите права и приватност. Колку често среќаваме настани и медиумски артикли кои ги прекршуваат правилата за професионално известување?

Секој човек без разлика на возраста може и треба да даде придонес во борбата за правата на детето. Ова беше заклучокот на дебатата по повод денот на детето која на 20-ти ноември се одржа во СУГС „Јосип Броз-Тито”.

Во дебатата учествуваа ученици од трета и четврта година кои ги споделуваа мислењата, ги надополнуваа и ги контрираа туѓите. Беа наведени примери каде детските права се прекршени, но и примери на булингот како сенка која го следи човекот и во понатамошниот живот.

Дебатата беше спроведена од страна на  амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир и младиот европски амбасадор Иван Дургутов.

Во училиштето се оддржа уште една дебата на 1-ви декември предводена од извршниот директор за Прес Советот на Австрија, Александер Варзилек. За време на дебатата учениците беа поделени во групи каде на секој му беше доделена улога. Секоја група работеше на раличен случај, а целта беше да се донесе одлука дали одреден медиумски извадок ги прекршува правилата за професионално известување.

Двете дебати им помогнаа на учениците да се стекнат со способност да ги препознаат лажните, омаловажувачки и информации споделени во јавноста кои ја нарушуваат човековата приватност.

Автор: Јована Вуковиќ, ученичка во СУГС „Јосип Броз – Тито“