Активирај се | Создадено од вас |

Обединети во име на хуманоста

feat-img

Учениците од СОУ „Кочо Рацин“- Свети Николе, на 07.11.2023 година организираа средношколски хуманитарен настан „Од срце за Елена“. Во ритамот на музиката учениците ја изразија  својата љубов и поддршка, како и материјална помош да помогнат на 23- годишната Елена Маџова од Свети Николе, која 3.5 месеци е во природна кома по доживеан мозочен удар во Словенија. Лекувањето треба да продолжи во Турција за што се потребни 50 000 евра, која несебично и е потребна од сите хумани луѓе.

Учениците водени од мислата за да помогнеш не треба да си богат и силен, доволно е само да бидеш добар човек. Нагласувајќи ги броевите за донација А1- 143 504 и ТЕЛЕКОМ-143-117, банкарските сметки за донација и поставување на хуманитарните кутии не само во училиштето, туку и низ градот ја разбуди хуманоста кај луѓето. Зашто кога за живот се работи, човек на човека помага.

На настанот присуствуваа учениците од основните училишта „Свети Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“, како и претставници од локалната самоуправа.

Aвтор: Елена Миланова, професорка во СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе