Против насилството со театарски израз

Битолските гимназијаци со драмска изведба упатија порака против секаков вид на насилство. Настанот се одржа во гимназијата „Јосип Броз Тито“- Битола, како дел од проектот „Превенција против насилство“. Драматизација во која учествуваа тринаесет ученици, беше поделена на четири чина, во кои се прикажуваше различен вид на насилство и дискриминација: мајка која е постојано тепана од сопругот алкохоличар и дете кое постојано живее во страв, сиромашен човек кој бара работа од богати и арогантни бизнисмени кои цело време го навредуваат, како и исмејувањето и отфрлањето на муслиманката и ромчето поради нивната „различност“.
Костанца Споа, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола