Ристе Букршлиев: Успехот е сепак достижен

Најголем идол ми е мојот тренер Апостоли Апостолов кој исто така долги години бил играч на КК „Кожув“, вели Ристе Букршлиев, талентиран кошаркар од кошаркарскиот клуб „Кожув“, но и од новоформираниот третолигашки клуб „Гевгелија“. Љубовта кон кошарката е негување и надоградување на талентот, а желбата за идни успеси достижен копнеж кој Ристе чекор по чекор го освојува.
Кога започна да тренираш кошарка?
Ристе Букршлиев: Првите чекори во кошарката ми се на осумгодишна возраст во кошаркарскиот клуб „Прима Баскет“.
Кој ти е идол и најголем поттик за да продолжиш со кошарката?
Ристе Букршлиев: Најголем идол ми е мојот тренер Апостоли Апостолов кој исто така долги години бил играч на КК „Кожув“, а воедно и нивен капитен, кој неговите знаења и искуство, кои се на високо ниво, ги пренесува на нас младите играчи.

Играш цела минутажа за младинската категорија на КК „Кожув-М18“и КК „Гевгелија“ и си во поголемиот дел носител на играта. Дали за тебе тоа претставува притисок и стрес?
Ристе Букршлиев: Да играм и во младинската и во третата лига. Напротив чест и задоволство ми е што сум еден од носителите во двата тима и тоа ме мотивира уште понапорно да работам и да имаме уште поголем успех.
Да се навратиме на новоформираниот клуб КК „Гевгелија“. Што можеш да кажеш за него? Какви амбиции има клубот?
Ристе Букршлиев: Новоформираниот клуб „Гевгелија“ е создаден со големи амбиции и потенцијали, за што повеќе натпревари за нас и напредок за помладите за поголем потенцијал и гордост на градот. Ќе го истакнам Томе Дуев, кој како сегашен претседател и долги години играч на КК „Кожув“, има многу вложено во клубот и во кошарката во Гевгелија, но и тренерот Мицко Алексовски кој вложува многу во нас.
Дали КК „Кожув“ ти е единствено место каде што си играл или имаш играно и за други клубови?
Ристе Букршлиев: Не. Имам играно за кошаркарскиот клуб МКК „Еуро-Никел“. Играв во младинските категории М-16 и М-18 и успешно се истакнувавме. Таму исто така тренирав и со првиот тим и бев премногу задоволен.

Тренираш и си во состав за сениорите кои играат во Првата лига. Какво е исуството од тренирањето со нив?
Ристе Букршлиев: Искуството и честа се навистина големи, тренирам секој ден многу напорно и тренинзите со нив се на високо ниво, „крадам“ знаење и искуство берам од секој од нив. Се грижат за мене и гледаат во мене потенцијал и желба за работа.
И оваа година младинците на „Кожув“ поточно М-18 постигнаа голем успех. Раскажи ни малку за тоа.
Ристе Букршлиев Лани бев дел од кошаркарскиот клуб „Еуро Никел“ игравме втора лига во М-18 . Во месец јуни добив повик да се вратам во мојот матичен клуб и така започна сè. Со играчите од овој тим се знаеме и играме заедно од самиот почеток на нашите кариери. На стартот од сезоната никој не очекуваше, а и ние самите не бевме свесни дека можеме да направиме нешто повеќе, да бидеме на високото 4 место на полусезона. Да напоменам М-18 лигата е составена од 24 екипи, а 15 години немало таков успех во младинските категории. Екипата е составена од 14 играчи од кои 8 од Гевгелија и 5 од Богданци. Предводени сме од нашиот тренер Апостоли Апостолов. Овој град треба да нè поддржува и да се гордее со нас. Зацртана цел и голема желба на оваа екипа е да се пласираме на фајлнфор завршницата.
Автор: Благица Ступар, ученичка во СОУ„Јосиф Јосифовски“- Гевгелија