Активирај се | Создадено од вас |

Спортските шампиони од СОУ ,,Богданци”

feat-img

Ирскиот писател, Оскар Вајлд напишал: „Единствената амбиција треба да ни биде да владееме со себеси, со кралството кое сме самите ние; а вистинскиот напредок е да се знае повеќе, да се биде повеќе и да се прави повеќе.“ Токму амбицијата е она што ги турка учениците од СОУ „Богданци“ да тргнат по патот на успехот.

Богданци е мало гратче кој што е препознатлив по спортот, најмногу по ракометот. Во далечната 1977 година, формиран е ракометарскиот клуб РК ,,Младост”. На почетокот составен од играчи од домашен погон, кои со макотрпна работа и труд, доаѓаат до врвни резултати. Младост е добро позната екипа во Македонија, рангирана во ТОП 3 екипи покрај, Вардар, Пелистер. Клуб кој вложуваше најмногу и во младите категории, кои станаа врвни спортисти и, добро познати ракометари меѓу домашната публика. Богданци и богданчани беа горди, затоа што Младост стана синоним во државата а и надвор од неа. Екипата на РК ,,Младост” активно се натпреваруваше во Европските купови од сезоната 1996/1997 па се до 2006/2007, се натпреваруваше и во 2-та Југословенска лига, го има освоено 3-то место во Македонската Супер Лига.

Во 2018 година се формираше РК ,,Академија Младост”, која повторно создаде млада екипа составена од млади деца од Богданци. Се работеше со полна пареа, резултирајќи со тоа што за 2 години работа и играње во Првата машка лига на Македонија, екипата повторно дојде до тронот враќање во Машката Супер Лига на Македонија. Во младинските категории составени од генерацијата 2004/05, во сезоната 2021/22 станаа вицешампиони на Македонија, и истите деца(ученици) станаа Државни прваци во школски ракомет машки, како за прв пат за училиштето СОУ ,,Богданци”. Претходно се имаше освоено само 3-то место. Програмата е работење со млади играчи, потпомогнати од неколку ветерани кои имаат оставено голем белег во мак-ракометот.

Затоа во учебната 2022/2023 година учениците на СОУ ,,Богданци”, учениците тргнаа со голема желба и амбиција да го освојат државниот турнир по ракомет (машки) за средни училишта. Најпрво се играа општински натпревари, на ден 09.11.2022, кој што екипата на средното училиште на Богданци ја совлада екипата СОУ ,,Гоце Делчев’’ – Валандово со резултат 20:11, и продолжи на зонски турнир (зона Велес) на кои ќе учествуваат двете средни училишта од Велес и Гевгелија. Потоа на 15.12.2022 на зонскиот турнир помеѓу екипите на Богданци, Гевгелија и Велес, екипата на СОУ ,,Богданци” го освои првото место и се пласираше на регионалниот турнир кој исто така како првопласирана екипа замина на државното првенство во ракомет.

Победничката екипа на СОУ,,Богданци”- Богданци

На 03.05.2023 екипата на СОУ ,,Богданци” замина со полна енергија и ведар дух, во Општина Кавадарци каде се одржуваше државниот ракомет. Најпрвин се играше полуфинале против екипата на СОУ ,,Добри Даскалов’’ кои беа совладани со резултат 23-21, со што Богданци се пласираше во големото финале каде што беше совладан и ДУФК ,,М.М.-Брицо” – од Скопје со резултат 37-31. За прв пат беше донесен ваков спортски ракометен успех во училиштето.

По освоеното прво место во училишен спорт учениците имаа срдечен прием од страна на директорката на СОУ ,,Богданци”, Росица Шабанова која постојано дава безрезервна поддршка од секаков вид и Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов на која средба на учениците им беа доделени признанија и искажани благодарности за постигнување на овој значаен успех и афирмација на средното училиште.

Ученици од СОУ ,,Богданци” кои беа дел од екипата која стана државен првак ’23, инаку идни доктори, електротехничари, конфекционери, сообраќајни техничари и спортисти кои макотрпно секојдневно тренираат се: Ѓорѓе Ѓуриќ, Мартин Прчев, Стамен Гогов, Илија Роглев, Антонио Николоски, Васил Демерџиев, Ѓорѓе Атанасов, Ефе Идризов, Душан Каркалашев, Леон Котев, Стојан Наумовски, Марко Михајловиќ и браќата Тодор Узунчев и Димитар Узунчев.

Автор: Илија Роглев, ученик во СОУ “Богданци”

Ментор/професор: Петар Кондурџиев