Активирај се | Создадено од вас |

СТУДЕНТСКИ СТАНДАРД:Борба за диплома ама и за преживување

feat-img

Студирањето во друг град е значајна „жртва“ што ја прават голем број  студенти за да си овозможат образование и да ги зголемат можностите за  високо платена работа, со што би си обезбедиле и подобра иднина. Но, која е цената за сето тоа? Што жртвуваат студентите за да се стекнат со диплома?

Очигледно е дека студентите не се најважната категорија  граѓани  во  државата. Во оваа статија  ја откриваме  вистинската борба со која се соочуваат студентите во Албанија и Северна Македонија додека студираат и ќе ја споредиме ситуацијата во двете земји.

Студентските домови – хотел промаја

Првиот предизвик со кој се соочува секој студент  кога пристигнува во друг град е да обезбеди сместување. Вообичаено е првата опција која се разгледува да бидат студентските домови. За жал, условите во овие студентски домови се далеку од идеални со  низа ограничувања кои сериозно влијаат на основните услови за живот   на студентите. Тука спаѓаат забраните за користење греалки во просториите, немањето фрижидери, привременото исклучување на лифтовите во одредени часови и разни мерки кои се чини дека дополнително ги оптоваруваат студентите.

Во Албанија има студентски домови кои се распоредени во 3 области: RSU-1 во „Qytet Studenti“; RSU2 во улицата „Artan Lenja“; и RSU3 во улицата „Dibra“. RSU-1 има 29 училишта под своја надлежност, од кои 5 во моментов се во фаза на реконструкција а 2 се новоизградени откако беа урнати од земјотресот од 2019 година.

Во RSU-1 имаме згради од времето на комунизмот но и од поново време, и во кои архитектурата е речиси иста во секој објект: има една соба за 2-3 девојки и на секој кат има заедничка бања и заедничка туш кабина; во другите објекти има за 2 соби има една бања а во само 2 објекти имаме една соба за 2 студенти и бања внатре во собата (што вклучува туш, мијалник и тоалет).

Во RSU-1, месечните надоместоци се движат од 4.500 ALL (40 евра) по лице до 10.000 ALL (90 евра) по лице. Во С. Македонија цената е 3.000 MKD (50€) месечно по лице. И во Македонија, ситуацијата не е подобра. Тоалетите се мизерни, топла вода има само два пати во денот, лифтот честопати се заглавува. За јадење најчесто се нудат макарони и ориз. Објавените фотографии од студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид се најдобра илустрација за условите во кои живеат студентите.

Фотографии од Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Студентскиот оброк-кроасан и сок

Во С. Македонија и во Албанија, еден студент месечно троши во просек, по околу 100-200 евра месечно за намирници и за јадење надвор. Купувањето намирници и готвењето дома е генерално поисплатливо од јадењето во ресторани. Цените за намирниците, како што се овошјето, зеленчукот и основните прехранбени производи, може се на подостапно ниво во споредба со повеќето западноевропски земји.

Сепак, важно е да се констатира дека цените може да се разликуваат во различни градови и региони во земјата. Во Охрид како туристичко место, цените се повисоки, а за студентите нема никакви попусти. Ова ни го потврди и анкетата која ја направивме со студентите од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Христина Дурчевска изјави дека со нејзината студентска картичка од 140 денари за оброк, купува најчесто печиво со јогурт. Таа смета дека не треба да има ограничувања и парите од картичката да мора да се потрошат до 15 часот.

Студентот Горан Димевски ни кажа дека 140 денари не се доволни за еден оброк и дека студентскиот стандард е многу низок. Според него цените во Охрид се многу високи. „Мислам дека за студентите треба да ги намалат цените, јас разбирам дека е сезона и дека треба да заработат но нема потреба да плаќаме толку многу за еден сок, на пример“ рече Димевски.

Студентски картички

За неговиот колега Андреј Петковски студентскиот стандард е премногу  скромен и помошта од државата смета дека треба да биде поголема.


И ние самите проверивме што можете да се купи со 140 денари. По нашата обиколка во една продавница, со парите наменети за дневен оброк купивме само еден кроасан и сок.

Албанија има мензи, кои беа воведени во времето на комунизмот и првично беа наменети само за студентите. Меѓутоа, во моментов, тие се отворени и за јавноста, вклучувајќи ги и оние кои не се студенти. Кујната што се нуди во нив се состои исклучиво од традиционална храна. Првично, цените беа релативно достапни, но во меѓувреме  поради инфлацијата неколкукратно  се покачија. Студентите од Албанија велат дека мора да се вработат за да можат да ги плаќаат високите месечни трошоци.

„Државата не ни помага а мензата стана прескапа за нашиот стандард“, вели една студентка од Тирана.

Трошоците растат, стандардот опаѓа

Студентите во двете земји имаат низок стандард и најмногу пари трошат за храна, а најмалку за книги. Од разговорите со студентите, но и а врз основа на лично искуство, месечните трошоци на студентот се движат околу 200-400 евра,  за покривање на трошоците како што се сместување, храна, превоз и материјали за учење. Во „студентската кошничка“ влегуваат трошоци како што се партиципација, односно школарина, потоа трошоци поврзани со факултетот, трошоци.

за секојдневен живот, трошоци за превоз, домување, но и режиски трошоци. Студентскиот стандард е мошне низок, а финансиската состојба на студентите е тешка. Повеќето од нив живеат со своите родители или старатели, кои се и најважниот извор на финансирање.

Самите студенти велат дека една од најдобрите опции за подобрување на нивниот стандард е можноста за платена студентска работа, која во моментов не е систематски препознаена од државните институции, ниту, пак, се стимулира соработката со приватниот сектор. Исто така, како поволности кои би го олесниле студентскиот живот, студентите ги посочуваат бесплатниот јавен превоз, како и картички за субвенционирани цени на храната и билети за културни настани.


Квалитетот на студиите најчесто не одговара на високите трошоци

Во Северна Македонија, цените се движат од минимум 100 евра годишно до максимум 400 евра. Оваа такса е поделена на две еднакви рати кои се плаќаат при упис во зимскиот или во летниот семестар. Од студентите се бара оваа такса да ја плаќаат секоја академска година при запишување во зимскиот семестар. Поголемиот дел од државните универзитети нудат бесплатно образование, додека некои имаат такси од 500 евра до 1.500 евра по семестар. Од друга страна, приватните универзитети наплаќаат школарини кои се движат од 7.000 евра до 10.000 евра годишно.

Фотографија од веб-страница за студентски стандард
Годишна школарина на државен факултет во Македонија

Трошоците за студирање во Албанија значително варираат. Тоа е така затоа што државата не ги одредува трошоците за школарина туку тоа е препуштено на самите образовни институции (Ligji për Arsimin e Lartë në Republikën e Shqipërisë). Поради ова, студентите се соочуваат со широк спектар на опции во однос на цените. Во некои случаи, на пример, трошоците за образование може да се движат од 2000 евра до 6000 евра годишно. И покрај бројните трошоци што веќе ги имаат студентите во Тирана, дополнително финансиско оптоварување наметнуваат и универзитетите кои не се акредитирани. Ние инвестираме речиси 1.200 евра за да се стекнеме со диплома која можеби е призната во странство, а можеби и не е.

На Универзитетот во Тирана, за жал, му недостасуваат спортски објекти за студентите, но од друга стана има доволно паркинг места за предавачите. Часовите по физичко образование се одржуваат на едно од двете игралишта кои се определени од општината а кои се наоѓаат на значителна оддалеченост од факултетот, и тоа од 10 минути до половина час пешачење.

Студентските клубови, за жал, повеќе не постојат, и ова е случај во двете земји. Повремено може да се појави нов клуб, но не се знае колку долго ќе постои.

Нашата препорака е насочена кон јавниот универзитет во Тирана, бидејќи гарантира дека вашата посветеност и труд ќе се исплатат. Ако имате систем за поддршка, финансиски средства и ако сте решени да учите вредно, имате големи шанси да добиете високи оценки, било да е тоа десет или девет (оценка А). Сепак, треба да се напомене дека квалитетот на образованието може да се разликува зависно од факултетот што ќе го изберете. На некои факултети може да имате професори и предавачи кои се навистина инспиративни, кои ќе ве мотивираат да продолжите со студиите и да го достигнете врвот на вашите аспирации во кариерата. Сепак, како што е случај во повеќето образовни институции, може да наидете и на предавачи кои ќе ве натераат да помислите: „Како овие станале предавачи тука? или

„Зошто продолжуваат да се занимаваат со оваа професија?” Честопати, одговорот на овие прашања упатува на непотизам, но тоа е тема за друга дискусија.

УКИМ
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Факултет за општествени науки – Универзитет на Тирана

Заклучок

Државните институции кои, се задолжени да се грижат за благостојбата на своите граѓани, не преземаат  доволно мерки за подобрување на студентскиот стандард. Поради ова, се наметнува заклучокот дека студентите, младите и нивните проблеми не се приоритетни за државните институции,  иако тие се иднината на нацијата.

Препораки

  1. Достапно образование: Обезбедете финансиска помош, стипендии и прифатливи заеми за студентите со цел високото образование да биде достапно за поширок опсег на студенти.
  2. Поддршка за менталното здравје: Воспоставете програми за ментално здравје и советодавни услуги за поддршка на емоционалната добросостојба на учениците.
  3. Воннаставни активности: Поддржете ги воннаставните програми и активности кои им помагаат на учениците да развијат социјални и лидерски вештини.
  4. Поддршка за високото образование: Обезбедете поддршка за студентите кои се во високото образование, како што се грантови, заеми и можности за истражување.
  5. Соработка: Соработувајте со образовните институции, наставниците, родителите и учениците за да развијат и имплементираат политики кои ги задоволуваат нивните потреби.
  6. Податоци и истражување: Континуирано собирајте податоци и спроведувајте истражувања за да ги идентификувате областите во кои е потребно подобрување и да процените колку се ефикасни образовните политики.
  7. Услуги за вработување: Понудете услуги за вработување и можности за практикантство со цел полесен премин од образование кон светот на работата.

Автори:

Теодора Недиќ

Енеда Салкурти

Михаела Петковска

Кјара Тахирих Скудеро