Активирај се | Создадено од вас |

Тестирање на животни – темната страна на индустриите

feat-img

95% Лекови кои се тестирани врз животни веднаш биле отфрлени како исклучително опасни или бесполезни за луѓето!

Во индустриите на медицина, козметика и чистота многу е важно дали производот што го создаваат е безбеден за човекот. И тие пред да го изложат производот прават тестови. Но, методите што ги користат се неетички и нехумани, бидејќи тестирањата се прават на животни, односно на друго суштество за да се заштитат човечките животи. Тестирањето на животни е темната страна на овие индустрии што најчесто се крие.

Замисли, седиш во лабораторија, се чувствуваш студено и исплашено, твоите другари околу тебе исто се чувствуваат. Околу тебе гледаш други луѓе во болка, ги боцкаат со непознати супстанци и по кратко време умираат или преживуваат за да го трпат истото следните денови. За жал, ова е животот на овие кутри животни. Тие секој ден се справуваат со генетска манипулација, нанесување рани и изгореници, сечење на уво или опашка за идентификација, изложеност на штетни гасови и гладување. Огромен број животни на годишно ниво се користат за овие тестови.

Има фирми којшто сè уште кријат од јавноста што всушност се случува во нивните лаборатории. Целта е јасна – добивка, продажба!

Прашањето е јасно – зошто човекот треба да биде на врвот на сè? Зошто сè што се прави, колку и да е себично, е за човекот да биде безбеден. Нели секое живо суштество има право на тоа? Зошто тие мора да страдаат заради нашата себичност и страст за ради нашето задоволство?

Сфаќам дека овие тестови се важни за безбедноста на човекот, но ако можеме да ги имаме овие модерни продукти, зошто не можеме да примениме начин кој ќе биде безбеден за сите, а не само на човекот. Зошто да страда друго животно заради нашите потреби од козметички и медицински продукти. Треба да престанеме да ги поддржуваме фирмите којшто го применуваат овој себичен начин на тестирање, и да ги поддржуваме оние којшто се за безбедноста и среќата на секое живо суштество.

Автор: Лилјана Накова, ученичка во гимназијата “Јосиф Јосифовски”, Гевгелија