Велосипедистите протерани од Штип
Автори на фото сторијата: Марија Ѓорѓиева, СОУ „Добри Даскалов“, Кавадарци и Стефан Митиќ, СУГС „Орце Николов“, Скопје
Нашиот фокус е недостатокот на велосипедски патеки во Штип. Додека ја работевме фото-сторијата, сфативме дека безбедноста на велосипедистите во градот е најголемиот приоритет. Низ разговор со штипјани сфативме дека во последните години не се случила значајна промена, а не се ни планира нова. Пораката од нив е дека за да се поттикне возење велосипед, треба да се пренасочи интересот кон придобивките од неговото возење. Тие праќаат апел до општина Штип да преземат соодветни мерки со цел градот да стане еколошки, чист и безбеден за сите.
Штип е најголемиот град во источна Македонија, без велосипедски патеки и простор за рекреација со велосипеди. 12.06.2018
Постојат места наменети за паркирање на велосипеди, меѓутоа никој не ги употребува, затоа што возење велосипед не е поттикнато од страна на општина Штип. 12.06.2018
Луѓето не се навикнати да ги паркираат велосипедите прописно, па тоа го прават каде што им е најблизу. 12.06.2018
Ристе (68) вози велосипед од своите 12 години и за него тој е незаменлив. Вели дека уште од неговата младост ништо не е променето во Штип во поглед на велосипедизмот. 13.06.2018
Мал број на луѓе го користат велосипедот како превозно средство да пристигнат на работа. 12.06.2018
Според полицијата бројот на кражби е зголемен за 40 % во однос на минатата година. 13.06.2018
Моторите и автомобилите ја загадуваат околината на Штип. 13.06.2018
Купувањето и возењето на велосипед ја охрабруваат неколку продавници, но интересот е сведен на минимум. 13.06.2018
Оние кои сакаат да преминат улица со велосипед мораат да се однесуваат како пешаци и да поминуваат на пешачки премин. 13.06.2018
На велосипедистите во Штип им е нарушена безбедноста во сообраќајот и постојано мораат да внимаваат на себе. 12.06.2018