d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Интервју со талентираниот Филип Николоски – доказ дека не постои „не можам” туку „не сакам”

Навистина ни претставува големо задоволство и чест да се запознаеме лично со ваква ведра и прекрасна личност каков што е 23 годишниот Филип Николоски од Прилеп кој со својот музички талент ги освојува срцата на публиката каде и да се појави.

Прочитајте го интервјуто и дознајте повеќе за младиот Филип.

Од каде ви се појави желбата за музиката?

– Желбата за музиката се појави откако знам за себе. Се занимавам со музика од моите 7 години и го завршив основното музичко во Прилеп на клавир. Клавирот го изучував цели 6 години, а подоцна почнав да одам на часови по пеење. Како исход на сето тоа, дојде време и изведов мои три песни.

Кој ве охрабри да го искористите вашиот талент и да успеете?

– Мојот талент до некаде и си го открив сам. Инспирацијата беше моја со поддршка од моите најблиски односно моите родители кои секогаш ме поддржувале што и да правам во животот, а најмногу во музиката. Морам да напоменам дека многу голема помош добив од Рубин Димкоски кој е автор на сите мои авторски песни.

Каде се гледате во блиска иднина?

– Па во блиска иднина со оглед на тоа дека имам три свои авторски песни би сакал да ги преставам авторите на сите 3 песни: Дуле Темелкоски, Гоце Балада и Зоран Пиловски кој ми ги изработуваше спотовите. Ако даде Господ да го довршам мојот албум кој е започнат веќе да се работи, до в година ќе учествувам со моја песна на Макфест.

Каде беше вашето прво искуство на сцена?

– Тука би го издвоил концертот кој се случи во Прилеп заедно со големата балканска ѕвезда Жељко Самарџиќ така што со сигурност можам да кажам дека тоа беше незаборавно искуство кое ќе го памтам целиот свој живот.

И за крај, дали планирате да изведете некоја нова песна?

– Па, да. Во план сум како што кажав ако имаме добра песна оваа година да учествувам на Макфест.

Погледнете ги видео спотовите и слушнете ги песните на Филип: https://www.youtube.com/watch?v=_VqzPcYaln0