Киното со години е апстрактен поим за велешани
Градот на Рацин, во кој живеат голем број љубители на филмската уметност со години немаат можност да уживаат во “вкусот” на филмската продукција. Иако Велес е препознатлив по културните манифестации, граѓаните немаат можност да го посетат киното во градот.
„На Велес му треба кино, но ние сме лишени од тоа,”вели Б.К.
Изминатите години младите направија голем број активности со цел повторно да заживее кино-културата во Велес. Но сепак надлежните не понудија решение. Зградата на некогашното кино „11 Октомври” стои. Таму покрај просторната кино сала и одличен капацитет, функционираше и кино летна тераса, одлична за летно уживање. Сепак, со години внатрешноста е руинирана.
Повозрасните се сеќаваат дека киното „11 Октомври” некогаш беше одлично место каде граѓаните можеа да поминат квалитетно време. Младите пак ја немаат таа можност. Тие се принудени да ги посетат кината во соседните градови за да можат да ја почувствуваат моќта на филмското платно.
„Секако дека сакам да има кино, зошто да мораме да одиме до Скопје”-изјави Е.Б
Многу прашања се отворија во јавноста, некои сметаат дека затворањето на киното е чиста политика, други пак дека финансиите претставуваат проблем. На инфо таблата пред влезот во киното можат да се сретнат најразлични постери и реклами, но не и најава за промоција на нов филм.
„Подобро би било да има кино, одколку театар,во денешно време барем ние младите повеќе сакаме да одиме во кино, сметам дека доколку има кино ќе биде најпосетувано, како од нас така и од најмалите. Да би имало кино би одела секој викенд”, изјави Ф.М
Тина Божинова