ИНИЦИЈАТИВИ - МАМИЛ |

Најава за трета емисија од серијалот Инклузија.

Утре во 20 часот на ТВ Плус Куманово ќе се емитува третата емисија од серијалот Инклузија.

Серијалот од пет емисии ќе се имплементира со помош на грант доделен преку проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европската Унија.