Велешани го кренаа гласот за заштита на животните (вест)
Денес во попладневните часови низ велешките улици се организираше протестен марш на Здружението „Анимал воис“ со цел заштита на животните. Протесниот марш се движеше низ главните улици на Велес со почетна локација Интернатот „Лазар Лазаревски“.
„Целта е да се поттикне свеста на народот, забрани продажбата на слободен отров којшто може да го купи секој, а е нелегален отров“, изјави Драгана Димовска, четиригодишен активист на Здружението.
Драгана Димовска
Маршот беше поддржан од љубителите на домашните миленици кои директно беа засегнати од постоењето на овој проблем.
Меѓу големиот број присутни поддржувачи, беше присутен и кандидатот за градоначалник на општина Велес, Аце Коцевски и претседателот на еколошкото друштво „Вила Зора“, Ненад Коциќ.
Здружението бара да се зголемат капацитетите за згрижување кучиња од улица во стационар во Велес.
Веста е преземена од www.radiomof.mk