d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Медиумски ден 2014

Околу стотина средношколци ја осознаа и учествуваа во медиумската продукција на Македонската телевизија, Радио Метрополис и Сити Радио, Нова Македонија и Телеграф.мк. 

 

Медиумски ден 2014

Средношколците ги посетија редакцијата, студиото и режијата кадешто се подготвуваат информативните емисии на МТВ, додека во вестите говорник беше средношколка и се емитуваше ТВ прилог изработен од средношколци. Во Радио Метрополис и Сити Радио учениците се вклучија во контактните програми во живо, а во весникот „Нова Македонија“ и веб порталот „Телеграф.мк“ дискутираа со уредници и новинари за тоа како се креираат медиумските содржини и за предизвиците во новинарството. Медиумите известуваа за цело време на Медиумскиот ден, а средношколците коментираа и споделуваа за настанот на Фејсбук страницата medium.edu.mk и на хаштагот на Твитер – #МедиумскиДен. Медиумскиот ден се организираше под слоганот „Размислувај критички, делувај етички: Во и надвор од училница“ и имаше за цел да посочи на важноста на медиумската и дигиталната писменост во институционалното образование.

 

Фејсбук и Твитер објави Галерија

Средношколски препораки:

 Медиумски известувања:

radio-mofМладите се поделени во ставовите за тоа дали можат да препознаат вистинска од пара вест. Според некои, вината е кај новинарите и нивното необјективно известување за одредени настани. Други пак, сметаат дека сепак знаат да ги препознаат грешките во…
nova-makedonijaГрупа средношколци од повеќе училишта вчера ја посетија редакцијата на „Нова Македонија“ Средношколци во посета на „Нова Македонија“ Средбата се одржа по повод првиот медиумски ден на средношколците, а ја организираа Високата школа за новинарство и…
telegrafПри посетата тие имаа можност да дознаат како тече работниот ден на редакцијата, да се запознаат со процесот на креирање на медиумските содржини и да поразговараат со новинарите и уредниците за тоа со какви предизвици се соочуваат во работата…
blagodarnica MRTЈавниот сервис ја поддржува важноста на медиумската и дигиталната писменост во институционалното образовение, а медиумската писменост ќе ги научи средношколците како да ги користат позитивните аспекти од популарната култура при личниот развој…