d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Медиумска лабораторија во Дебар

Околу педесет ученици од гимназијата „Здравко Чочковски“ од Дебар учествуваа на тринаесеттата медиумска лабораторија што ја организираа Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“. На двочасовната активна работилница учениците се запознаа со основите на новинарството, техниките за пишување на новинарска вест, а се дискутираше и за новинарските професионални стандарди во Македонија.

Оваа предавање го одржаа Алаксандра Теменугова од Високата школа и Марјан Велевски уредник во „Нова Македонија“, со цел да се подигне медиумската писменост во средното образование што се реализира во рамки на проектот „Коалиција за медиумска писменост“, финансиран од ЕУ.