Активирај се |

Осма медиумска лабораторија во Неготино со евроамбасадорот Жбогар

feat-img

Повеќе од четириесетина ученици од неготинската гимназија „Св. Кирил и Методиј“ учествуваа на осмата медиумска лабораторија што ја организираат Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со весникот „Нова Македонија“.

Учениците освен што дискутираа за професионалните стандарди во новинарството и основите на новинарското пишување, учеа и како прави интервју поставувајќи му прашања на својот гостин, амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Н.Е. Самуел Жбогар. Интервјуто е објавено во априлското издание на средношколскиот весник „Медиум“ кој излегува еднаш месечно како подлисток во „Нова Македонија“.

Овие интерактивни средношколски работилници за новинарство се дел од проектот „Коалиција за медиумска писменост“ што го финансира Европската Унија. Освен „Нова Македонија“, во проектот е вклучен и Институтот за различности во медиумите од Лондон.

Повеќе фотографии од настанот.