Активирај се | Создадено од вас |

„Бидете гласни против неправдите“, интервју со Бленди Ходаи, претседател на Сојузот на средношколците

feat-img

Бленди Ходаи е ученик во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“. Трета година е. Соучениците го знаат како дружељубив, проактивен и правдољубив, особено кога се во прашање интересите на учениците. Но, го знаат и како претседател на Сојузот на средношколци на Македонија. Со група ученици од Тетово во 2017 година го основаа Сојузот и досега се проширија во десетина градови: Кичево, Гостивар, Штип, Куманово, Скопје и Дебар. Со стратешкиот план „Од нас, за нас 2019-2022“ сакаат да се прошират во сите градови во државата. Со него разговараше дописникот на „Медиум“, Станиша Станковиќ од Битола.

Медиум: Како дојдовте до идеја да го формирате Сојузот на средношколци?

Бленди Ходаи: Кога го започнав средното образование во септември 2017 година, јас заедно со група ученици увидовме дека беше потребно ученичко движење, кое ќе говори силно за проблемите со кои се соочуваат учениците. Вреди да се истакне дека во периодот 2015-2017, учениците немале достоинствено застапување. На 4 ноември 2017 година го имавме првиот состанок, каде и го основавме Сојузот на средношколци. Во почетокот дејствуваме само во Тетово, но потоа поттикнати од овој успех, се распространивме во уште шест градови каде основавме наши ограноци.

Медиум: Што ќе прави Сојузот што ќе биде различно од претходниците?

Бленди Ходаи: “Делата зборуваат повеќе отколку зборовите“. Самото тоа што сме присутни во меѓу учениците и во јавноста за да укажеме за проблемите со кои се соочуваат учениците, покажува колку сме автентични. Во трите години на моето раководството на Сојузот, немаше партиско влијание и нема да има.

Медиум: На што посветивте најмногу внимание на самиот почеток? Би измениле ли нешто да сте сега почетници?

Бленди Ходаи: Како прво достигнување би ја проценил мобилизацијата на учениците и развојот на критичката мисла кај нив. Учениците од Северна Македонија ги знаат сите нивни ученички права. Тоа е факт што мене секојдневно ме мотивира… Правата на средношколците се основни човекови права и не треба да чекаме закон што не ги вклучува учениците во донесувањето на одлуки. Нашите права се загарантирани со Конвенцијата за човекови права (1948) и Конвенција за правата на децата (1989). Ова достигнување почна да се манифестира уште во првите месеци од нашето делување како Сојуз и е важен индикатор за продолжување на нашата работа.

Bidete glasni protiv nepravdite intervju so Blendi Hodai pretsedatel na Sojuzot na srednoskolcite 1Во нашите почетоци, се фокусираме да бидеме гласот на учениците или подобро кажано „гласот на безгласните“. Овој слоган стана кауза и идеалот за кој што сме постоиме. Исто така еден од другите идеали што сме ги имале беше и вклучувањето на сите ученици во Сојузот без разлика на етничката или верската припадност. Борбата за правата на учениците за квалитетно образование е заедничка борба и нашите разлики не треба да нѐ разделуваат во постигнувањето на нашите цели.

Не верувам дека нешто би сменил ако би почнале од почеток… Единствената разлика што ја гледам е искуството стекнато во изминативе три години.

Не постои нешто што ме вознемирува или разочарува во работата, зашто тоа го правам со големо задоволство. Но сепак има нешто што ми пречи, а тоа е неукоста на луѓето кои нѐ навредуваат на социјалните мрежи, само поради тоа што размислуваме поинаку од нив.

Медиум: Се проширувате во останатите градови. Мислите ли дека ќе ја исполните вашата замисла и како средношколците да се приклучат, да побараат совет или помош за одредена ученичка проблематика?

Бленди Ходаи: Планираме проширување на Сојузот и во другите градови, затоа нашата цел до 2022 година да бидеме присутни низа цела територија на Северна Македонија. Според интензитетот на работите на Сојузот, верувам дека ова ќе се реализира до 2021 година. Ние дејствувавме во Тетово, Битола, Скопје, Гостивар, Кичево, Куманово, Штип, Струмица, Дебар и очекуваме да се прошириме во Струга. Учениците се добредојдени од сите градови каде што ние дејствуваме. Ние сме за нив да им служиме, затоа нашиот тригодишен слоган ќе биде: „Со тебе – за тебе“ (“With you – for you”).

Медиум: Дали средношколците се идентификуваат со новото раководство, дали е легитимно нивното претставување како такви?

Bidete glasni protiv nepravdite intervju so Blendi Hodai pretsedatel na Sojuzot na srednoskolcite 1Бленди Ходаи: Во декември 2019, се одржаа општите избори на Сојузот на кои беше избрано новото раководство што ќе го води во следните две години. Средношколците може да се обратат во сите градови каде ние дејствуваме. Ние сме отворени за сите ученици. Гласот на секој средношколец е битен.

Медиум: Кои беа вашите први поддржувачи, но и критикувачи?

Бленди Ходаи: Тоа што нам ни помогна да стигнеме дотука како Сојуз, беше безрезервната поддршка од граѓанскиот сектор, особено од „Еко герила“. Тие секогаш нè поддржуваат. Едно нешто сум сфатил во водењето на учениците на РСМ во овие речиси три години: сè додека се фокусиравме колку непријатели сме предизвикале, заборавивме колку пријатели сме создале. Критичарите и критиките нам секогаш ни служат за да се подобриме и не случајно сме тука каде што сме.

Медиум: Секојдневни пофалби, станувате познати, поддршка од различни институции, како се справувате со сето тоа?

Бленди Ходаи: Да бидеш млада јавна личност е голем предизвик, но некако научив да се носам со тоа. Да застапувате над 15.000 ученици од средните училишта, воопшто не е лесно, но токму тие 15.000 секојдневно ме мотивираат за да се направат промени на актуелната состојба на образованието во земјата.

Медиум: Што е тоа кое направи од вас да сте бескрајно горди од вашето дејствување?

Бленди Ходаи: Како средношколски лидер, горд сум за тоа како за толку краток период од две години, успеавме да достигнеме врвни резултати како што беше обединувањето на сите ученици, проширувањето во над 10 градови, стратешки партнерство со Сојузот на ученици од Белгија и Норвешка, институционализација на учениците, актуелизирање на суштинските проблеми и табу темите, што со децении не се дискутираат и на крај беше идентификацијата од Германската организација „ИЈГД“. Личи како гласот на учениците да недостасувал последните децении.

Bidete glasni protiv nepravdite intervju so Blendi Hodai pretsedatel na Sojuzot na srednoskolcite 1Медиум: До каде сте сега, како и што планирате понатаму? Идни ваши заложби?

Бленди Ходаи: Ние имаме многу активности кои многу скоро ќе ги започнеме, затоа ги повикувам сите да ни се приклучат во нашиот Сојуз, за да имаме што повеќе и поголеми вредности. Меѓу другото го имаме и Стратешкиот план предвиден за наредните три години, што насочува за тоа на што сме конкретни фокусирани.

Медиум: Што им порачувате на младите?

Бленди Ходаи: Бидете активни и кренете го гласот за секоја неправда што ја имате во вашата земја. Ако не ние, тогаш кој? Ако не денес, тогаш кога? Ние сме сегашноста и иднината, ако ние не ја промениме сегашноста, тогаш не можеме да ја изградиме ниту иднината.