Четворица младинци пливаа во Копенхаген
Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија во соработка со Пливачката федерација на Македонија го поддржа учеството на четворица пливачи на Европското првенство во кратко пливање-ЛЕН, во Копенхаген, Данска, во Кралската Арена. Репрезентацијата во данската претстолнина ја сочинуваа Љупчо Ангеловски (50 метри делфин и 50 метри слободно), Давор Петровски (100 и 200 метри делфин), Ана Јаневска (50 и 100 метри делфин и 50 и 100 метри слободно) и Миа Крстевска (50, 100 и 200 метри делфин).
На Европското првенство во кратко пливање, кое се одржа од 13-ти до 17-ти декември, учествуваа околу 700 пливачи од 45 држави, чија задача беше да се натпреваруваат во 40 настани. Ова првенство е првиот спортски настан кој некогаш се одржал во Кралската Арена во Копенхаген.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.