Низ ходниците |

Струмичани го средија школскиот двор

Повеќе од 150 ученици од средните училишта „Никола Карев“ и „Јане Сандански“ во Струмица учествуваа во младинска акција со која го одбележаа Меѓународниот ден на мирот. Акцијата се одржа на 20 септември, во дворот на „Никола Карев“ и во овие рамки садеа дрвца, ги бојадисуваа металните и бетонските површини, а на училишниот ѕид испишаа пораки за мир. Исто така, младите организираа и хуманитарна акција за детското одделение во ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица во која донираа постелнини кои самите ги изработија. Акцијата ја поддржаа општината Струмица и проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во соработка со Младински образовен форум. Проектот на УСАИД претставува петгодишна иницијатива за зајакнување на меѓуетничката кохезија меѓу младите и развој на демократските и граѓанските однесувања.