Низ ходниците |

Учествувај во документарецот „Climаte Ops“

feat-img

Европската телевизија за култура „Арте“ овозможува твојот глас да биде слушнат од светските лидери преку учество во изработката на документарниот фил „Climаte Ops“. Документарецот ќе се продуцира преку прибирање на најдобрите секвенци од видеа кои ќе пристигнат од 47 европски земји. Филмот ќе биде емитуван на телевизијата и достапен на интернет за време на Конференцијата за климатски промени (COP21), што ќе се одржи во Париз во декември оваа година.

Ако знаеш некое уникатно, благородно и природно место кое климатските промени можат да го загрозат, сними видео (1-3 минути) со твојот паметен телефон, таблет или камера. Во видеото, слободно може да се појавиш ти, семејството, пријателите, локалното население, животни… Кажи каде си и кој си, кои се твоите среќни спомени од тоа место, зошто се плашиш за него, кога сфати дека нешто треба да се направи за нашата планета и дали имаш порака за преговарачите на Конференција за климатски промени во Париз. Зборувај на мајчиниот јазик и не додавај музика (организаторите ќе се погрижат за тоа).

Видеото прикачи го на YouTube, Dailymotion, Vimeo. Копирај го линкот и вметни го во електронскиот формулар. Крајниот рок е 31 август.

Повеќе информации ќе најдеш на arte.tv/uploadclimat или контактирај го координаторот на проектот во Македонија, Дејан Андонов на [email protected].