Низ ходниците |

„Џифони“ е филмско искуство за средношколците

feat-img

Околу 50 ученици од скопското средно училиште „Јосип Броз Тито“ беа дел од вториот филмски фестивал за млади „Џифони“.

Средношколците учествуваа на повеќе дебати и работилници во кои креативно се изразуваа и разменуваа искуства со врсници од десет држави, а за кариерата и начинот на работа разговараа со актерите Никола Ристановски, Сашко Коцев и Лабина Митевска. Незаборвна вечер имаа и со театарот „Сан Карло“ од Неапол, кој им ја доближи италијанската култура. Фестивалот е дел од најпознатиот фестивал за млади „Џифони експириенс Италија“.