d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
pretstava n

Глумци-аматери ја изведоа претставата „Тетовирани (високо вредни) души“

Драмската секција на гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје, под раководство на професорката Емилија Величкова, во мај годинава, изведе претстава на сцената на Театар „Комедија“.

Станува збор за традиционален финален настан на крајот од училишната година, во кој учествуваат ученици од трета и четврта година.

Петнаесетина млади аматери, по шестмесечни подготовки, глумеа во претставата „Тетовирани (високо вредни) души“, еден вид компилација на двете драми на Горан Стефановски („Тетовирани души“ и „Хај-Фај“), во кои се прикажуваат човечките карактери и нивните слабости, влијанието на една личност врз друга, влијанието на околностите врз карактерите и носталгијата кога ќе се замине од татковината.

Средствата од картите се донирани за хуманитарни цели, во училиштето за посебни потреби „Златан Сремац“.

Автори: Тијана Милиќ, Кристина Дабеска и Елена Василевска, ученици во гимназија „Јосип Броз-Тито“ – Скопје