d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

И повторно да се родам, пак би ги избрала боречките вештини

Република Македонија е држава која што изобилува со голем број на таленти, особено се негуваат спортските потенцијали. Младата спортистка од Битола, Емилија Бошевска,  е ученичка во гимназијата „Јосип Броз Тито“, и е добитник на многубројни златни медали во боречки вештини. Емилија е горда на своите досегашни успеси, кои ги постигнува благодарение на познатата академија „За Нед До“. И самата таа вели дека „ Македонија е расад на таленти од областа на боречките вештини“. На своите врсници им порача да се борат за своите соништа и да не се откажуваат, како и да тренираат, затоа што здравјето е нашето најголемо богатство.

i povtorno da se rodam pak bi gi izbrala boreckite vestini

Медиум:  Зошто го избра баш овој спорт?!

Бошевска: Боречките вештини се спорт во кој владее дисциплина и посветеност. Токму тие ме научија како да бидам подобра личност, да се борам за она што го сакам, да имам поголема самодоверба. И пак да би се родила, би го одбрала овој спорт,  а  би ви го препорачала и на сите вас.

i povtorno da se rodam pak bi gi izbrala boreckite vestini 2Медиум:  Кое е идеално време да се започне со боречки вештини?

Бошевска: Најидеално време  за боречките вештини се секако оние детски години, од петгодишна возраст, кога и самото дете расте и се развива. Но, во нашата академија има членови од  5 до 73 години, па очигледно е дека секој може да започне со практикување на овој спорт.

i povtorno da se rodam pak bi gi izbrala boreckite vestini 3Медиум:  Си жртвувала ли некои сопствени задоволства за да постигнеш добри резултати?

Бошевска: За секој резултат е потребно многу време и многу посветеност. Нашите подготовки знаат да бидат доста макотрпни- за еден натпревар подготовките траат повеќе од  5-6 месеци, 2 до 3 пати на ден. Одрекувањето од некои задоволства јас не го чувствувам како жртвување.  Време имам за се’ , за дружење, за учење и за тренинг.

Медиум: Кое е твоето најголемо достигнување?

Бошевска: Секој постигнат успех има посебно значење за мене. Сум се посветила на овој спорт, тука и планирам да се надоградувам. Петте златни медали кои се случија на еден од последните натпревари ми се гордост, но она што го сметам за мое најголемо достигнување е работата со малите дечиња заедно со мојот мајстор Златко Неделковски и тренерот Дијана Неделковска чија доверба многу ми значи. Мојот сон и желба е да ги наследам моите тренери.