Низ ходниците |

„Каревци“ после часови делеа бесплатна облека и храна

Група ученици од СУГС „Никола Карев“ – Скопје во новогодишната населба „Винтерленд“ во центарот на Скопје на штандот наречен „Давална“ делеа бесплатна облека, храна, топли напитоци и играчки на социјалнозагрозените граѓани кои имаат потреба од помош. На штандот тие беа ангажирани по завршувањето на часовите, најчесто во периодот од 18 до 20 часот.

Нивните активности се во рамки на проект за граѓанска култура односно за учење за форми на граѓански активизам.