Средношколците од Кавадарци учествуваа на „Тиквешки гроздобер“
Плоштадот во Кавадарци и овој септември беше местото каде што се одржа манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2016“, а на неа учествуваа и учениците од средното општинско земјоделско-шумарско училиште „Ѓорче Петров“.
За учениците, како што велат, деновите поминати на градскиот плоштад се прекрасно искуство.
Многубројни штандови поставени од многу винарници, меѓу кои еден беше на средношколците. На него имаше изложено вино кое тие сами го произведуваат, како и грозје од сопствената економија.
Освен на штандот, учениците учествуваа и на винскиот карневал на кој се претставија со поставката „Библиска легенда за Св.Трифун“.
Манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ траеше четири дена, од први до четврти септември.
Автор: Теодора Димитриева, четврта година во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ во Кавадарци

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.