Наградена апликација за помала сметка за струја
Над 140 средношколци од 28 средни училишта од Македонија беа дел од Иновативниот камп – натпревар на средношколци во претприемачки вештини во организација на „Junior Achievement Macedonia”, програма поддржана од УСАИД, а дел од глобалната мрежа Junior Achievements Worldwide.
Учениците беа поделени во тимови, со задача да осмислат производ или услуга што ќе придонесе за енергетска ефикасност и ќе има широка примена во заедницата. Пред жири комисија, беа презентирани голем број на иновативни решенија.
Победи идејата на тим кој понуди апликација која помага во намалување на сметката за електрична енергија. Втората награда припадна на ученици со бизнис план за самоодржливи возови, а третата награда се однесуваше на бизнис идеја за еколошко производство на обновлива енергија.