Низ ходниците |

Незаборавни училишни екскурзии на гимназијата „Алгоритам“

feat-img

Париз, Амстердам, Берлин… се некои од градовите кои им овозможија на учениците од приватната гимназија „Алгоритам“ да се запознаат со различните европски култури и вредности. На училишните екскурзии кои траат и до 12 дена среношколците можат да ја почувствуваат Европа „на дланка“.

Од историската Виена, која со нејзиниот Пратер нуди забава за паметење, преку Берлинскиот ѕид до германското кралско градче Потсдам. Дел од патешествието е и францускиот Дизниленд, шарената бајка исполнета со адреналин и авантури. Во градот на реката Амстел и на уметникот Ван Гог, Амстердам, учениците се соочуваат со иронијата дека сите на велосипед некаде брзаат, а се‘ е толку смирено и хармонично.

Полн автобус со ученици, нови пријатели, размена на информации и бесконечни комуникации, а многупати и сонот се заборава. Впечатоците се силни и незаборавни – се до наредната училишна екскурзија.

Ивона Забазновска, Стојан Стојчевски, Тина Јанева, ученици во ПСУ „Алгоритам“