Низ ходниците |

Охридските средношколци го одбележаа својот патронат

Средношколците кои се дел од училишниот хор и од рецитаторската секција годинава ја имаа една од главните улоги при одбележувањето на патронатот на средното училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид.

Тие со свои настапи учествуваа на свечената културно-уметничка програма што ја организираше општината во Домот на културата „Григор Прличев“.

Патронатот по повод осми декември секоја година традиционално се одбележува со голем број активности на средношколците чие училиште го носи името на, како што велат, големиот сесловенски мислител, писател и учител Св. Климент Охридски, кој е од огромно значење како за македонскиот народ, така и за нивниот град.