Низ ходниците

Работилница по фотографија во природа

Ученици од трета година од Меѓународната матура при гимназијата „Јосип Броз“ во Скопје, овој месец, работилницата по фотографија, под менторство на професорите Ангелина Дамјановска Наумовска и Кристина Атанасова, ја одржаа во Градскиот парк. Имаа можност да фотографираат со професионални апарати и да доживеат едно поинакво искуство.

Работилницата, која се одржува еднаш неделно, ја водат учениците Сергеј Сарчевски и Филип Цветков, а како проект започна во ноември 2016 година. Замислена е да трае неколку месеци и да се заокружи со изложба на која ќе бидат презентирани фотографии од сите учесници на работилницата.