Низ ходниците |

Само „Михајло Пупин“ е средно училиште со зелено знаме

feat-img

Средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајо Пупин“ е единственото средно еко-училиште кое доби зелено знаме на конкурсот од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Право на аплицирање на овој конкурс имаа 100 средни училишта.

Покрај „Михајло Пупин“ на листата наградени се најде и средното општинско училиште „Перо Наков“ од Куманово кое го доби статусот бронзено ниво.

Покрај средни, на конкурсот право на учество имаа и  51 детска градинка и 359 основни училишта, кои ги задоволуваат предвиените критериуми. На листата на образовни институции кои аплицирале се најдоа вкупно 42 и секој од нив беше наградена со соодветниот статус.

Зелено знаме на конкурсот, покрај споменатото средно училиште, добија и 27 основни и шест градинки. Четири основни се закитија со статус сребрено ниво, а три со бронзено.