Низ ходниците |

Средношколка од Битола ја доби наградата „млад иноватор“

feat-img

Средношколката од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола, Евгенија Давитарова, ја освои наградата „Млад иноватор“ на натпреварот „Макинова“ во Скопје, настан кој е поддржан од Светската организација за интелектуална сопственист (Берин).

Таа победи со нејзината CNC машина за гравирање со ласер, која ја иновирала и конструирала сама за што и биле потребни околу три месеци. Нејзината машина е наменета за површинско гравирање врз некаков материјал.

Таа за медиумите раскажа дека идејата ја имала уште пред да се распише конкурсот за „Макинова“, а машината почнала да ја прави во текот на летниот распуст. Успеала да ја заврши, да се пријави на натпреварот и дома да си ја понесе наградата.