Учениците од Неготино цртаа графити и мурали на градскиот кеј
„Урбано Неготино“ е настанот на кој средношколците од средното училиште во овој град „Св.Кирил и Методиј“ имаа можност да ја покажат својата креативност и да остават нешто што ќе трае. Станува збор за настан кој беше организиран по денот на ослободувањето на Општина Неготино на 7 и 8 ноември и кој имаше за цел да се урганизира рекреативниот дел од кејот на СРЦ,,Младост“.
На настанот меѓу другото, се цртаа и графити и мурали, а покрај професионалните графит-артисти, и учениците фатија во рака фасадни бои и спрејови и ја покажаа својата креативност. Освен тоа, дел од средношколците беа вклучени и како волонтери кои помагаа во организацијата на настанот. Вкупниот број на ангажирани ученици во оваа манифестација беше околу дваесетина.
Организаторите изјавија дека со овој настан се пренесува порака да се чува и разубавува средината во која секојдневно се спортува, пешаци, забавува. Тие се надеваат дека со овој проект успеаа да ја подигнат свеста за екологијата и урбанизмот, како и дека активно ги вклучија младите во реализацијата на нивните идеи.
Ангела Бојкова, ученичка во СОУ,,Св.Кирил и Методиј“- Неготино

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.