Активирај се | Создадено од вас |

ChatGPT-играчка што ќе го промени човештвото

feat-img

За колку секунди можете да напишете есеј за животот на Алберт Ајнштајн без да имате никакво претходно познавање? Што ќе кажете ако одговорот е десетина секунди?

Ако некогаш дефиницијата за ова било магија, сега има ново име, СhatGPT.

ChatGPT е алатка за обработка на природен јазик базирана на вештачка интелигенција. Овој модел на јазик може да одговара на прашања и да ви помогне со задачи како составување на е-пошти, есеи и кодирање.

Како да го користите ChatGPT: Што треба да знаете сега

Oтворен за јавно користење, бесплатно, бидејќи ChatGPT е во фаза на истражување и собирање на повратни информации.

Која компанија го направи chatGPT?

ChatGPT беше создаден од страна на OpenAI, компанија за вештачка интелигенција и истражување. Компанијата го лансираше ChatGPT на 30 ноември 2022 година.

OpenAI е одговорна и за создавањето на DALL-E 2, популарен генератор на уметност со помош на вештачка интелигенција, како и за Whisper, систем за автоматско препознавање на говор.

Колкаво е значењето на chatGPT?

“ChatGPT е застрашувачки добар. Не сме далеку од многу добра вештачка интелигенција”, изјави Елон Маск, кој беше еден од основачите на OpenAI пред да се повлече.

ChatGPT: Кој ја користи оваа алатка и зошто?

Според анализата на швајцарската банка UBS, ChatGPT е најбрзо растечката апликација. Анализата претпоставува дека во јануари ChatGPT имаше 100 милиони активни корисници, само два месеци по неговото лансирање. За споредба, на TikTok му беше потребно девет месеци да стигне до 100 милиони корисници.

ChatGPT кај младите опасност или брза ракета до иднината?

Професорот Анис Сефиданис, професор на Факултетот за машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии “Св.Апостол Павле” во Охрид, кој неколку години работи на полето на развивање на вештачка интелигенција кај нас вели дека напредокот на технологијата никако не треба да не плаши, напротив алатките како chatGPT можат единствено да придонесат за по квалитетен живот.

Невролозите воздржани за ChatGPT

Во медицината 2 и 2 не се секогаш 4, затоа неврологот Бојан Бошковски е воздржан околу развивањето на ваквиот тип апликации кој несомнено ќе згаснат значителен број функции во мозокот.

Автори:

Андреј Трајкоски, СУГС „Георги Димитров“ – Скопје

Ана Наковска, СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола

Гаврил Азманов, ОУ „Лазо Ангеловски“ – Скопје

Ева Ристевска, СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола

Ина Дејановска