Активирај се | Создадено од вас |

Кампот за медиумска писменост во 5 минути

30 учесници од 10 града учествуваа на кампот за медиумска писменост што се одржа од 17 до 21 јуни во Струга. Преку предавања и работа на терен учеа основни вештини за продуцирање медиумски содржини, фотографираа, снимаа, монтираа видеа.

Резултатот од кампот се 7 новинарски приказни за дезинформациите, за влијанието на социјалните мрежи, вештачката интелигенција и врсничкото насилство.

Ги прашавме учесниците како би го опишале кампот во три зборови, што научиле и што би им порачале на другите средношколци.