Активирај се | Создадено од вас |

Англискиот збор сè попривлечен за македонската младина

feat-img

Секојдневно скролајќи на Тик-Ток наидуваме на кул видеа со полно лајкови и едноставно мораме да го шернеме. Но, зошто е тоа така? Нели може видеото да биде забавно или јако и да има многу допаѓања, па затоа да одлучиме да го споделиме. Ако ја прашате македонската младина, за жал, не може.

Секој јазик е важен. Природниот, мајчиниот – најважен. Свеста за јазичната и културната разновидност во нашата држава мора да се подигне на многу повисоко ниво. Да се промовира повеќејазичноста, во стилот Quot linguas callestot homines vales – Колку јазици знаеш, за толку луѓе вредиш, но акцентот да биде ставен на зачувувањето и заштитата на сопствениот јазик.  

Во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Зошто? Затоа што сè друго ни е важно, а нашето најмалку! Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина од нив им се заканува исчезнување во многу делови од светот. Јазиците се најмоќните инструменти за зачувување и развој на нашето материјално и нематеријално наследство. Македонското, Петревото вели дека само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме.

Над 60 проценти од луѓето во Македонија можат да водат слободен разговор користејќи го единствено англискиот јазик. Од нив, повторно за жал, најголем дел спаѓаат во категоријата на млади луѓе. Дали глобализацијата и развитокот на технологијата треба да се земат како изговор или ние самите сме си виновни?

„За сè постојат причини но ни мора да ги отфрли кога не ни се потребни, Секако глобализацијата влијае, првиот контат на децата кога почнуваат да читаат и да пишуваат се со телефоните и компјутерите. Но, морале ние како општество, Министерство, МАНУ, а можеби треба да се фомира и некаков инспекторат кој ќе прави буквално контрола како се практицира македонскиот јазик“, вели Елизабета Чилевска Пандева – професор по македонски јазик и литература во СОУ ,,Гоце Делчев” од Валандово.

Дали начинот на изучување на англискиот јазик во училиштата е соодветен и дали можеби прераното започнување со изучување на истиот (да потсетиме тој се изучува уште од првото одделение во основните училишта, а нечесто започнува и во градинките) допринесуваат до тоа тој да зазема поголема важност и од мајчиниот македонски јазик?

„Моето мислење е дека прераното изучување на друг, странски јазик не прави никаква разлика“, вели професорката по англиски јазик во СОУ ,,Гоце Делчев” од Валандово- Милка Каракотева.

Ако со човек зборуваш на јазик кој тој го разбира, тоа оди во неговата глава. Ако со човек зборуваш на неговиот јазик, тоа оди во неговото срце.

Дали само битката е загубена, а се бориме да ја добиеме војната? Интернетот и социјалните медиуми не покажуваат знаци на ослабување, а со тоа и ширењето на англискиот јазик останува проминентно. Па дали треба да се откажеме? За тоа, кој е следниот чекор за нас како ученици, млади и воопшто Македонци, како и улогата на професорите во сево ова, со нас сподели мислење и професорот Бранко Ѓеорѓиев – професор по македонски јазик и литература во веќе многупати споменатото СОУ ,,Гоце Делчев” од Валандово.

„Јас не мислам декаа македонскиот јазик е згрозен. Но, вие како млади треба да г негувате да аречам,да го владеете, Она што е важно е да читате македонска литераура, која не мора да биде од македонски автори, но на македонски јазик“, вели професорот Ѓеорѓиев.  

Јазикот што го учиме од најрано детство – првично како нестандардна форма, а потоа како стандардна, нашиот мајчин јазик, помага при воспоставувањето и одржувањето на врските помеѓу новите генерации со минатото. Тоа е дел од нашето живеење и делување, битот на нашето македонско постоење. Не смееме да се откажеме. Колку и да ни е полесно да го искористиме англискиот збор, секогаш (доколку постои) мора да ја претпочитаме македонската алтернатива. Тоа ни е уште една огромна должност која доаѓа со бидувањето Македонец.

Сите сме Мисирков затоа што „Јазикот јет средство, со које није познааме, шчо мислит, шчо осек’ат и шчо сакат нашијот собеседник. Милоста кон народнијот јазик јет наш долг и наше прво. Није сме должни да милуаме нашијот јазик, зашчо тој јет наш, исто така, као шчо ни јет наша таткоината ни“.

И Конески тлее во секој од нас затоа што „Јазикот е единствената наша татковина. Сè додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште“.

ИНТЕРВЈУ СО ПРОФ. Д-Р ЈОРДАН СТОЈАНОСКИ

Јазикот не е само зборови. Тој е култура, традиција, унифицираност на едно општество, цела историја која го прикажува онакво какво што е. Сето тоа е отелотворено преку јазикот.

Некои видувања и анализи велат дека македонскиот јазик ќе изумре во наредните 150 години. Тоа ќе дојде како една огромна шлаканица за сите оние пред нас кои во далеку потешки ситуации го зборувале својот јазик. Се бореле за настава на македонски народен јазик – Џинот, се откажале од стипендии за него – Прличев или умреле поради него затворени – Миладиновци. Баш нож забиен во грб! Лесно е да се најдат изговори, а малку потешко, малку повеќе тешко е навидум, а лесно ако се обидеме да се пишува, чита, зборува и цени македонскиот јазик. И да се пишува на кирилица!

Автори:

Јордан Стојаноски и Мартин Петров, ученици во СОУ„Гоце Делчев“- Валандово