Дебелината – пандемија на 21 век
Дебелината е ризик фактор за појава на кардиоваскуларни заболувања, дијабет, но и пореметувања во скелетот и дишењето.
Прекумерната тежина е проблем со кој сè почесто се среќаваме во денешно време. Брзата и обилна исхрана, долгото време поминато во седење и лежење пред телевизор, компјутер, смартфон, се само дел од причините ова да прерасне во голем проблем во речиси сите развиени земји. Факт е дека е зголемен процентот на луѓе кои имаат огромни потешкотии во водењето активен, здрав живот, кое е најчесто резултат на неправилна исхрана. За прекумерна тежина се смета BMI над 25.
Што всушност претставува BMI?
BMI е кратенка за „Body index mass”, односно индекс на телесна маса. Тоа претставува граница во која треба да биде нашата маса според висина. Се пресметува преку масата на личноста поделена со висината, квадрирана. Според статистиките на Светската здравствена организација од 1975 до 2016 година, кај деца и адолесценти од 5-19 години процентот е зголемен од 4 до 18 на глобално ниво. Бројот на деца и адолесценти со прекумерна тежина од 2020 година е 39 милиони. Многумина грешно го сфаќаат поимот диета, односно начинот на исхрана, па затоа доаѓа до многу нарушувања во организмот.
За факторите кои влијаат на покачувањето на телесната тежина разговаравме со професорката по биологија, Елизабета Николовска, која посочува дека најмногу од сè влијае генетиката, ендокрините и хормоналните нарушувања, психолошките проблеми, лековите и самата личност.
Покрај ова, голем дел од популацијата, не е ни свесна за енормниот број на болести кои се јавуваат како поседица на вишокот на килограми. Професорката Николовска ни посочува некои од нив:
- Кардиоваскуларен систем: Исхемична срцева болест (инфаркт), излив на крв во срцето, висок крвен притисок, ненормално висок холестерол,
- Ендокринолошки систем: Дијабетес мелитус, синдром на полицистични јајници, неплодност, компликации за време на бременост;
- Невролошки систем: Мигрени, мозочен удар, деменција, хипертензија, мултиплекс склероза, психијатриски нарушувања;
- Локомоторен систем: Потешкотии во движење, болки во лумбалниот дел на телото.
Но, зошто многумина имаат зависност од храната, посебно од слатките и чоколадата? Професорката Николовска ни појаснува дека сè започнува од навиката која прераснува во зависност. Доколку на нашиот мозок и нашето тело таа навика се смета дека му претставува само позитивен ефект, тоа претставува зависност и желба за повеќе.
„Многу луѓе сметаат дека одредени продукти и одредени навики помагаат да се придонесе да се чувствуваме задоволни. Тое е ‘емотивно јадење’ кое ги тера луѓето да јадат благо или да се приклонат кон одредени пороци и тие им причинуваат гратификација. Ова предизвикува лачење на допамин и сето ова е игра исклучуво на тој хормон”, вели професорката Николовска.
Дебелината е ризик фактор за појава на кардиоваскуларни заболувања, дијабет, но и пореметувања во скелетот и дишењето. Лошиот сооднос помеѓу телесната тежина и капацитетот на срцето доведува до замор на овој орган. Лицата со масни наслаги концентрирани во стомакот имаат зголемен ризик за појава на висок крвен притисок, хиперлипидемија, инсулинска резистентност, дијабетес тип 2, ноќна апнеја и други респираторни пореметувања.
Кои се придобивките кои многу често се занемаруваат?
Професорот по физичко образование Зоран Јованов препорачува да се косумира, пред сè разновидна храна, храна побогата со растителни влакна, поголема кочичина на природни протени, посебно кај младите во полн раст и развој, додавајќи дека и физичката активност е потребна за квалитетен и здрав живот.
„Некој вежба за да изгради подобро тело, да изгледа поубаво и да има поголема самодоверба. Меѓутоа, поважното е тоа што физичката активност ни помага да бидеме поздрави, а со тоа и подолговечни, односно да имаме поквалитетен живот и во поодминатите години”, додава професорот Јованов.
Тој порачува: „Движете се за здравје!”, бидејќи како што вели, физичката активност не се постигнува само со тренирање во спортски клубови, туку и со секојдневни активности како пешачење, трчење, возење ролери. Потребно е само еден мал поттик, да одвоиме малку време од нашиот ден за да имаме поздраво утре.
Автори: Василка Карталова и Изабела Ѓурчиновски
Поврзана сторија: