Активирај се | Создадено од вас |

Матурантите играа квадрил на скопскиот плоштад

feat-img

По осми пат, матурантите од Скопје им се придружија на своите врсници од други европски градови кои во исто време, точно напладне го одиграа танцот „квадрил“ на звуците на штраусовата опера „Лилјакот“.

На годинешната „Матурска парада” во Скопје учествуваа 948 ученици од 20 скопски училишта: СУГС „Раде Јовчевски Корчагин”, СУГС „Никола Карев” , СУГС „Зеф Љуш Марку”, СУГС „Јосип Броз Тито”, СУГС „Панче Арсовски”, СУГС „Браќа Миладиновци”, СУГС „Георги Димитров”, СУГС „Цветан Димов”, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов”, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен”, СЕПУГС „Арсени Јовков”, СУГС „Марија Кири Склодовска”, СГГУГС „Здравко Цветковски”, СУГС „Владо Тасевски”, АСУЦ „Боро Петрушевски”, СУГС „Димитар Влахов„, СУГС „Орце Николов”, СУГС „Лазар Танев”, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј”, СУГС „Михајло Пупин” и приватното средно училиште „Алгоритам”.

Пред започнувањето на танцот „квадрил”, матурантите положија заклетва за ненасилство и толеранција, а настанот го поздрави Трајко Вељановски, градоначалникот на Скопје.